5 мај 2024
Текстот „Диво месо“ од Горан Стефановски, беше напишан и изведен далечната 1979 година. За својата драма „Диво месо“, Горан Стефановски ќе каже: „Кога ја пишував пиесата ‘Диво месо’ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“.
Вчеравечер, Албанскиот театар од Скопје на покана од македонскиот Културно – нформативен центар во Тирана ја изведе претставата „Диво месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.
Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот „АРТурбина“. Благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите глумци.
На крајот, глумците беа наградени со огромен и долг аплауз.
После претставата,екипата од Скопје, заедно со својте колеги од тиранските театри беа во посета на македонскиот Културно -информативен центар, каде до доцна во ноќта се разговараше за претставата и текстот на Горан Стефановски.
Културно- информативниот центар на 10 и 12 мај, продолжува со својте активности. На Тиранскиот џез фестивал ке настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот биг бенд, Национален џез оркестар од Скопје.