Ванчо Николески,македонскиот писател е роден во село Црвен вода-Дебарца,Охридско на 10. јуни 1912 година. Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Макеоднија. По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „ Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година, тој бил член на Друштвото на писателите на Македонија.
Најпознат е по својата литература за деца. Неговите „Волшебното самарче“, Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946), „Мице“ (поема, 1947), „Школско ѕвонче“ (песни, 1947), „Прва радост“ (песни, 1947), „Бабино вретенце“ (песни, 1948), „Крај огниште“ (песни, 1948), „Дедови приказни“ (песни, 1950), „Шарено торбиче“ (песни, 1950), „Татковина“ (песни, 1950), „Мое село“ (песни, 1950), „Чуден свет“ (песни, 1952), “Чудотворен кавал“ (раскази, 1952), „Мојот ден“ (сликовница, 1952) , „Стани, Коле“ (песни, 1952), „Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953), „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил 1954), „Приказни и бајки за деца“ (1955) ,„Чудни случки“ (раскази, 1958), „Цвета смета“ (сликовница, 1960)
- „Волшебното самарче“ (роман, 1962)
- „Приказни од моето село“ (раскази, 1964)
- „Гоце Делчев“ (роман, 1964)
- „Чуден дедо“ (песни, 1964)
- „Под виорното знаме“ (роман, 1967)
- „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)
- „Малиот ловец“ (раскази, 1970)
- „Станко спанко“ (песни, 1972)
- „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)
- „Рачко плачко“ (песни, 1973)
- „Крвави години“ (хроника-роман)
- „Жива книга“ (раскази, 1978)
Целото негово творештво е посветено на децата и ете денеска, денот на неговото раѓање е најсаканиот ден за децата-ученици а то ае крајот на тековната учебна година. Со насмевки децата во пресрет на летото и летните авантури.