“Кога знам”, заедно пеат Дарко и Тијана

100

Скопје, мај 2024

Неодамна, Дарко Андонов познат и како ДААН заедно со младата Тијана Периќ снимија заедничка песна и видеозапис, со наслов „Кога знам”.
Автор на песната е Дарко, текстот го пишувале заедно со Кире Јакимов, кој е и аранжер на ова модерно трендовски музичко парче кое ги освои младите.
Дарко и Тијана најавуваат дека ова е само почеток на нивната соработка и веќе се работи на неколку нови проекти.
Песната е снимена во студиото на Дарко Андонов, DAAN MUSIC PRODUCTION во Скопје.
Видеото за песната е снимано во Штип, во соработка со Дарко Димитриевски, а сценариото и режијата се на Дарко Андонов, додека пак во него на суптилен начин доминира убавината и заводливиот шарм на младата пејачка, Тијана, по која воздивнува помладата публика.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.