На денешен ден мај 3, во 1939 е роден познатиот текстописец на новосоздадени македонски хитови Ѓорѓи Ѓоргиевски.
Ѓорѓи Ѓоргиевски, Ѓе.Ѓе., беше познат и почитуван новинар, по некоја среќна случајност роден на 3 Мај кој се прославува како светскиот ден на слобода на медиумите, но и уште попознат и текстописец од Преспа. Основното образование го почнал во родното село Подмочани, го завршил во Царев Двор, успешно матурирал во гимназијата “Свети Климент Охридски” во Охрид, студирал на Правниот факултет во Скопје. Во гимназијата во Охрид по неговата одлична одбрана на матурска тема за творештвото на Кочо Рацин од страна на гимназијата била организирана приредба со публика, на која наизуст го изрецитирал целото творештво на славниот поет.
Воениот рок го служел во Генералштабот на ЈНА во Белград, каде работел во весникот “Војник” и во Белиот дворец. Почнува како новинар во “Битолски весник”, набрзо станува и Претседател во Општински комитет на Сојуз на Социјалистичка младина на Македонија за Ресен, во два мандати.
Работел како новинар, подоцна и уредник во Центарот за радио и печат- Радио Ресен, во “Нова Македонија”, бил дописник на “Вечер”, “Нова зора”, “Трудбеник”, “Народна задруга”, “Трибина”, “Комунист”, “Македонија”, “Просветен работник”, “Просвета”, белградски “Спорт”, а негов потпис краси издание на “Илустрована политика”. Се пензионира од Општинскиот синдикален совет на Ресен.
Бил и многу популарен млад фудбалер, а потоа во Ресен официјално ја пречекува екипата на “Партизан”, но, и турскиот премиер Булент Еџевит.
Добитник е на највисока награда “Орден на трудот со Сребрен венец” од Претседалството на СФРЈ, највисоката општинската награда “11 септември”, признание од Општинскиот штаб за територијална одбрана, признание од Редакцијата на “Вечер”, “Златна плакета” од преспанските иселениците во Австралија, признание од градоначалникот на Рокдал, Бил Саравиновски, од Сливничкиот манастир, од О. У. “Гоце Делчев”- Ресен, и други.
Награден е и на поетската манифестација “Сплоти се Македонијо 2020”, на литературниот конкурс “Бдеење на Кокински мугри 2017”, на “Илинденски средби” во Љубојно во 2013, учествувал во конкурсот за теми посветени на “Ванчо Николески” од Квинбијан.
Текстописец е на познати евергрин хитови, испеани од најпознати интерпретатори на македонската сцена, победнички и наградувани на музички фестивали, создавани од врвни музичари, Кенан Таировски, Горан Алачки, Селимова- Желчески, Симеон Георгиевски, Петранка Костадинова, Томислав Маниќ, Петар Нечовски, Адријана Алачки, Горан Симевски, “Пелагониски бисери” … Соработуваше со Првата детска амбасада во светот “Меѓаши” и со уметникот кандидат- Нобеловец Живко Поповски- Цветин.
Семеен човек, татко на две деца, дедо на прекрасни внуци.
Неговата прва книга “Македонијо, гордост моја!” е објавена во 2020 годин,
Добитник е на Цветинова награда за мир 2021 и признание од Здружение на Просветни работници на Град Скопје 2022, “Македонско поетско катче”, “8 септември 2022” и постхумно доби награда за Поетска книга Свети Николе 2023 на Здружението “Милица Паулус” и други.
Почина во Скопје, во мај 2023 година.
Во негова чест поетот Горан Анчевски денес изрецитира свои стихови.