Популарниот диригент и виртуоз на виолина, Андре Риу, познат како „современ крал на валцерот“, дојде со својот 60-член оркестар „Јохан Штраус“ и со уште 20-ина гости музичари кои ќе го придружуваат на сцената, а на помош има и тим од 50 професионалци задолжени за продукцијата и за техничката реализација на концертот. Риу пристигна со целосна сопствена продукција, а тоа се девет шлепери со опрема, костимографија и сценографија.
„Риу настапува секаде низ светот, пред 600.000 публика годишно, надминувајќи ги дури и суперѕвездите, како Бруно Марс, ‘Еј-Си/Ди-Си’ или Ријана. Заедно со неговиот, најголем приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот“, најавува организаторот „Пасворд продукција“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.