На 16 април 2024 година ќе се одржи прес конференцијата на која ќе се промовираат наодите од работата на АлоБушавко – телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот Меѓаши за 2023 година.
Овој извештај дава преглед на дојавите во периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година, за проблемите поврзани со правото на заштита од насилство, правото на образование и правото на пристап до други институции, за кои се обратиле јавувачите и со нив поврзаните права на детето кои биле загрозени или прекршени (остварувањето на родителското право, доделувањето старателство, остварувањето на правото на алиментација, промени во психичката состојба на децата во периоди на развод и нарушена комуникација со своите родители) како и улогата на волонтерите во работата на линијата за деца и млади.
Прес конференцијата ќе се одржи во вторник, 16 април 2024 година, во Центарот за социјални претпријатија (Бул.Македонија бб, Скопје).
-Воведни забелешки и согледувања за работата на СОС телефонот– Клементина Добревска, Координаторка на СОС телефонот
-Осврт на главните наоди од извештајот- м-р Драги Змијанац, Претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
-Краток увид од работата на АлоБушавко- Јорданка Черепналкова Трајкоска, психолог
-Волонтерство на АлоБушавко- Јана Николовска, волонтерка
-Апел од граѓанка за проблемот со децата на улица, Валентина Крстева.
“Меѓаши” со извештај за работата на АлоБушавко за 2023 година
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.