На 12 април 2024 година со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет, во рамките на фестивалот „47. Денови на македонска музика“ 2024.
На концертот, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубилејните години од раѓањето Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.
Како солисти на концертот ќе настапат Весна Ѓиновска Илкова, сопран, Наде Талевска, сопран, Гонца Богоромова, сопран и Горан Начевски, баритон, во придружба на оркестарот, а под диригентска палка на Иван Еминовиќ.
Влезот за концертот е слободен.
Концерт: „47. Денови на македонска музика“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.