Денес, 50 години од победата на АББА со Ватерло, најславната победа на Евровизиите

На денешен ден пред точно 50 години се случи
една од најважните пресвртници во Евровизиите и воедно и во кариерата на шведската група АББА, денес, 6-ти април, тие победија на Евровизија во Брајто.
Понатаму на сите ни се добро познати безбројните достигнувања и успеси што АББА продолжија да ги нижат по нивната незаборавна победа на Евровизија во 1974 година. Триумфите на шведската четворка низ целиот свет беа многу големи, огромни.
АББА победија на Евровизија како претставници на Шведска во 1974 година. Откако “пропуштија билет” за Евровизијата во 1973 година во Луксембург, кога нивната песна Ring Ring го освои третото место на шведскиот Мелодифестивален, следната година АББА решија да седнат и да напишат песна специјално за Изборот за песна на Евровизија, нешто со што дефинитивно ќе ја разбијат конкуренцијата на Мелодифестивален и ќе ги однесе на таа меѓународна сцена во Брајтон.
Снимањето на оваа песна почна на 17 декември 1973 година, со работен наслов Honey Pie, пред да биде насловена според химната на Ватерло.
Мелодифестивален се одржа на 9 февруари, при што Ватерло се натпреваруваше со 9 други песни, и на крајот се искачи на врвот со убедлива победа; постигнувајќи 302 поени пред второпласираниот Ласе Бергаген, Мин Керлексанг Тил Диг и неговиот резултат од 211 поени. Ласе, како и АББА претходната година, не требаше да чека премногу долго, сепак- тој успеа да триумфира на Мелодифестивален следната година со “Џени, Џени”, која ја претставуваше Шведска во Стокхолм 1975 година.
За годинашниот, 68. Избор за песна на Евровизија во Малме, пробите ќе започнат во сабота на 27 април, две недели пред големото финале во сабота на 11 мај. Но, во далечната 1974 година, работите се правеа малку поинаку.
За големото финале на 6-ти април, пробите почнале на 2-ри април, при што АББА почнале да се шетаат во британскиот приморски град, пред да се повлечат назад во нивниот соодветно именуван апартман Наполеон во хотелот Гранд. Сабота, 6 април, беше датумот на 19-тиот избор за песна на Евровизија, а Шведска 15-ти пат се натпреваруваше со свои претставници – дотогаш без да постигнат победа. Пееја пред нешто повеќе од 1.000 присутни во салата во Брајтон таа вечер, помалку од вообичаениот капацитет од 2.000+, со отстранети седишта заради продукцијата и преносот.
Таа вечер учествуваа 17 земји, што всушност беше помалку од 18-те што BBC ги очекуваше помалку од една недела порано. Ова е затоа што Франција разбирливо ја донесе одлуката да се повлече, по смртта на францускиот претседател Жорж Помпиду, на 2 април.
Меѓу 17-те земји што настапија на вечерта, за првпат можеше да се видат претстаавници од Грција како учествува, со Маринела која ги изведе Krassi, Thalassa Ke t’ Agori Mou. Италијанката Џиљола Чинквети, во меѓувреме, речиси стана првиот двоен победник на натпреварот. Таа претходно победи на натпреварот 10 години пред тоа, во 1964 година со песната Non Ho L’età, а се врати во 1974 година со Sì, која на крајот заврши на второто место зад Ватерло.
На тој натпревар ја имаше и Оливија Њутн-Џон која го претставуваше Обединетото Кралство. Уметницата беше во раните фази на нејзината кариера, но веќе со постигнат одреден успех и во Велика Британија и во САД. Нејзината песна Long Live Love се сметаше за фаворит за победа пред натпреварот, но заврши на четврто место.
Откако сите 17 песни беа изведени, и имаше кратка музичка интермедија од The Wombles, почна возбудливата работа- гласањето. Секоја од 17-те земји во конкуренција имаше жири од десетмина кои гласа, при што секој член добиваше по еден поен на својата омилена песна, а максималната оценка која жирито можело да ја додели било 10 поени. Откако гласањето завршило, вкупниот број на поени на ABBA бил 24, 6 поени пред второпласираниот со 18 поени.
По само 1 час и 48 минути, сѐ беше готово.
Шведска ја постигна својата прва победа на Евровизија – почеток на 7-те победи што ја ставија земјата како рекордер со најмногу победи ,50 години подоцна.
Настапот на АББА во Брајтон Дом – изобилува со светли бои, преполн со радост и со диригентот Свен-Олоф Валдоф облечен како Наполеон – е слика што се зацементира во главите на милионите гледачи кои го гледаа фестивалот таа сабота навечер, и сè уште е една од најпознатите икона- слики поврзани со бендот.
Самста песна “Ватерло” се најде на првото место во 10 земји низ Европа, исто така, стана топ 10 хит надвор од Европа, но и во Австралија, Нов Зеланд и Канада. И дури стигна до Топ 10 на Billboard Hot 100 во САД, на 6-то место. Тоа беше самиот почеток на огромниот меѓународен успех на АББА, и слободно може да се каже дека остана врвен момент во Евровизијата.
По 50 години, чест е да можеме да наздравиме по повод Златната годишнина и сето она што се случи во овие 5 децении.
Годинава се гледаме повторно во Шведска во мај!
Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Малме, во вторник, 7 мај (прво полуфинале), четврток 9 мај (второ полуфинале) и сабота 11 мај (Големо финале) 2024 година.
Претставник од нашата земја, нема да учествува.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.