Се одржа тркалезна маса „Колку гледишта- толку верувања”

28.03.2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со ЕСТИМА и Амбасадата на САД во Скопје, а во рамките на проектот „Спротивставување на странската пропаганда и дезинформации преку јакнење на капацитетите на медиумите и новинарите “(Countering foreign propaganda & disinformation by strengthening the capacity of media & journalists), денес организираше Тркалезна маса во Клубот на новинари.

На Тркалезната маса се обратијс Дејвид Мајерс, Вршител на должноста заменик-шеф на мисијата при Амбасадата на САД, претставникод ЗНМ, и претседателката на Естима, Ана Крстиновска.

На настанот беа промовирани медиумските продукти на новинарите кои беа учесници на трите одржани обуки менторирани од Максим Саморуков и Ана Крстиновска.

Втората сесија „Дали сме отпорни или не?“ беше модерирано од Златко Симоновски, проектен менаџер при ЕСТИМА .

Гледишта на медиумските организации и граѓанското општество искажаа Петрит Сарачини, Институт за медиуми и аналитика, Тамара Грнчаровска, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, Леунора Калиќи, Совет за етика во медиумите на Македонија и Проф. Д-р. Марјан Ѓуровски, Филозофски факултет.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.