Балетска претстава „Ла, ла, ла“, вечерва во МОБ

Балетската претстава „Ла, ла, ла“  вечерва (6.06-четврток) ќе се одигра  на малата сцена на МОБ со почеток во 21 часот.

Во кореографија на Саша Ефтимова на музика од легендарни македонски творци Драган Ѓаконовски-Шпато, Тодор Бојаџиев, Димитар Масевски и Дуке Бојаџиев ќе може да се види модерен балет за сите оние кои сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме и луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови. Суштината на претставата е музиката бидејќи ништо не може да го оживее времето, сеќавањето, животот како една добра стара музичка лента. Секоја музика раскажува приказна од различно време и не води на незаборавни патувања.

Во претставата настапуваат солисти и ансамблот на Балетот на МОБ.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.