Се поезија се славеше Пролетта, Љубовта, Среќата

Денот на Пролетта, Денот на Среќата, Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, на 26 Март 2024 година, беа достојно одбележани со поезија и рецитации, од реномирани универзитетски професорки, просветен кадар, поетеси и поети во библиотеката “Страшо Пинџур” во Скопје.

-Прекрасна дружба поетско читање, и музички изведби со гитаристот Ванчо Арсов, истакнаа во своите коментари учесничките и учесниците.

Настанот беше во организација на Здружението на Просветните работници литературни творци од Македонија, на чело со претседателката Благојка Филипчева и професорка д-р Виолета Ачкоска.

Се прочитаат преку педесеттина лични творби, а освен учесници од Скопје, поезија читаа и гости од други градови и од други земји на Балканот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.