Македонскиот народен театар, по повод 27 март, 2024 година, светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.
Станува збор за детско- младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12:00 часот и изведбата на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20:00 часот.
Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.
Повелете во театар!- покануваат од НУ Македонски народен театар
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.