,,Премиерот” гостува во Кочани

Во петок, на 29.03.2024 година, во НУЦК Бели мугри- Кочани гостува урнебесната комедија ,,Премиерот” која премиерно беше прикажана во НУ Македонски Народен Театар. Комедијата ,,Премиерот” е од авторот Огнен Неделковски, а во режија на Сашо Ристовски.

Костимите се на Елена Лука.

Во комедијата ,,Премиерот” играат познатите актери: Магдалена Ризова- Черних, Сашо Ристовски и младите актери: Бранко Атанасов и Ема Давчева.

Оваа комедија третира актуелни состојби од општеството, односно станува збор за коментар да денешните случувања на локално и глобално ниво.

Низ призмата на театарскиот јазик со многу комични ситуации публиката ќе може да види што се случува во кабинетот на премиерот.

Како е да си премиер?

Како е соочувањето на кандидатите за премиер?

Како се станува премиер?

Кој сѐ може да биде премиер?

Како е да ја добиеш или изгубиш премиетската столица?

Дали еден естраден уметник може да стане премиер и да ја води владата?

Сите овие прашања и уште многу други низ призмата на комедијата ќе бидат одговорени во оваа урнебесна комедија.

Оваа комедија е во продукција на Театар ХИТ Скопје.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.