Најава за враќање на Вуди Ален на филмкото платно со информацијата дека ова лето ќе го снима својот 51. филм. Ова ќе биде прв филм откако „Амазон“ ја раскина соработката со актерот, поради стари обвинувања за сексуална злоупотреба.
Филмот ќе го финансира компанијата „Медијапро“, со која Ален соработуваше на некои од своите најголеми хитови, како „Полноќ во Париз“ и „Вики Кристина Барселона“.
Филмот засега нема име, но затоа е познат дел од актерската екипа, во којашто ќе бидат Криштоф Валц, Елена Анаја, Серхи Лопес и Џина Гершон. Ален повторно ќе соработува со кинематограферот-оскаровец Виторио Стораро.
Дејството ќе следи американска двојка која доаѓа на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, каде што нивниот брак ќе биде тестиран, откако „тој се вљубува во прекрасна Шпанка, а таа во брилијантен француски режисер“.