Licetia poetica -уредник Филип Димкоски
Снежана Алексиќ-Станојловиќ , родена е на 1.10.1962 година во Белград. Се школувала во Хрватска, Македонија и Србија. Во Грац (Австрија) стекнала диплома за наставник по екологија и заштита на животните. Денес како мастер професор по одделенска настава, работи и твори во Нови Сад.
Има објавено три поетски збирки: „Побарај ме“(Градска конферениција на книжевната младина, Скопје,1980), „Ода за Орфеј“(Феникс, Скопје,2014), „Ораница“(Банатски културен центар, 2016). Проза пишува и објавува веќе подолго време, а прва објава во форма на прозна книга со книжевни преставки и рецензии за литературни дела, ѝ е книгата „Тревки во тревата“(Банатски културен центар, 2018).Сите нејзини книги се напишани на македонски и српски јазик.
„Ораница“ е единствена книга во која песните се објавени на српски, македонски и унгарски јазик, со која таа македонски јазик го промовираше и во Унгарија. Во процесот на објавувањето е нејзината најнова стихозбирка „Чекори„.
Уште како младинка и членка на литературниот клуб „Ацо Караманов“ била наградувана од областа на литература и учествувала на „Млада Струга” 1984. Некои од наградите во последниве години ѝ се: Меѓународната награда „Стојан Христов“ на „54.Струшки вечери на поезијата“-2015 во Македонија; добитник е на награда на манифестацијата „Збор во зборот“ која ја доделува „Книжевниот клуб „Дениција“ при Универзитетот во Битола, Македонија (2015); наградата „Lingva“ за превод и афирмација на македонската литература, која ја доделува Здружението за наука, книжевност и култура „Круг“ во Битола, Македонија (2017); наградата ,,Ars Poetica” која ја доделува издавачката куќа „Феникс“ во Скопје (2019).
Песните ѝ се препеани и објавени во преку пеесет поетски зборници и антологии, во книжевни магазини и летописи, како пред триесет години, така и денес. Свои литературни творби има објавувано во десетици списанија за книжевност, наука и уметност.
Учесник е на многу меѓународни книжевни фестивали, трибини и поетски маратони .Уредник е на меѓународниот зборник посветен на Душко Трифуновиќ „Има некоја тајна врска“ (2016).
Стручни текстови и научни трудови од областа на својата професија и книжевноста објавувала повеќе пати во неколку републички и меѓународни списанија и летописи. Евалуатор е на учебници за помалите одделенија во издание на издавачката куќа Клетт. Автор е на повеќе училишни проекти за деца од основното образование. Организира и соработува со фестивалите за детско литературно и ликовно творештво и промовирање на литературни дела.
Со своето ангажирање успеала да го воведе изучувањето на предметот „Македонски јазик со елементите на националната култура“ во основното училиште „Вељко Влаховиќ“ во Нови Сад.
Има преведено песни и научни трудови на повеќе од дваесет автори од Македонија, а последниве месеци интензивно работи на препевот на двете стихозбирки одпрвата македонска поетеса Даница Ручигај, а книгата за Даница Ручигај „Лебедовата песна на Заробеничката на ветерот“ веќе ја превела и се чека нејзиното објавување. До сега има преведено пет книги од македонски на српски јазик. Последната препеана книга „Заедно да растеме„ од Филип Димкоски е наградена. Член е на Друштвото на писатели на Војводина и Друштвото на просветни работници-литературни творци во Република Македонија.
Снежана Алексиќ-Станојловиќ пишува на македонски и српски јазик и се обидува да и припаѓа на литературата на двата јазика.
ОДА ЗА ОРФЕЈ
Ги распрскувам
златните трошки на светлината
во храмот на Твоето име . . .
Лелекот на земјата
се влече кон далечините. . .
Ти го слушаш…
Постои ли некаде
извор чист
за грлата исушени? . . .
Oрфеј ! Пронајди го !
Покажи го патот
кадеповикот на прататковците
наутрената прва чека…
Спаси јасеидбата, Орфеј !
Со Песната Твоја
разбуди гизаспанитекамења
и оплоди ја земјата
која со денови Те довикува . . .
Со враќањето надождовите
кога ќе процветаат полињата ,
ќе процветаат
и илјада бели цветови
во мојата крв
(за Тебе, . ..Орфеј )
С А М О Д А Т Е С А К А М
Ќе станам солза
од окото модро
што тече
и ќе истечам така
никогаш веќе во окото
да не се вратам…
Од мене
само солена трага
на лицето ќе светка…
Само да Те сакам…
Ќе Ти се умилкувам
и домилкувам,
вовлекувам и додворувам,
портата од дворот Твој
за да ми ја отвориш.
Пепелта од огaн
во дрво
пак ќе се сторам
и ниедно сечило нема
растежот да ми го запре,
за да можеш во летната жештина
под сенка од вејка моја
да заспиеш…
И сонот ќе Ти го чувам
во скутот мој
како реликвија
во времиња немили
што се чува…
Само да Те сакам…
Како пиреј ќе никнувам
секаде на Твојата кожа
и ќе се закоренам
каде и да Те допрам…
Во триста јазли
и јазлиња
ќе се врзам,
никогаш од Тебе
да не заминам…
Само да Те сакам…
Ќе се крстам
и прекрстам,
и името свое ќе го фрлам
на птиците
да го исковаат,
засекогаш да го снема,
Дениција да можеш
да ме наречеш
и последното писмо
да ми го напишеш
без страв
дека ветерот ќе го однесе
во погрешна насока…
Само да Те сакам…
Песна ќе станам
за Тебе испеана
и најубавите зборови,
како медовина размачкани,
ќе Ти ги размачкам
на усните Твои.
Така ќе Ти се излепам
и залепам
за јазикот и непцата…
Само да Те сакам…
Во последната Песна
што ќе Ти ја испеам,
со радост, ќе умрам
за да можеш
Ти да се родиш…
*Песната е инспирирана од Петре М.Андреевски и испеана како модификација на неговата песна „Умилкување „ .
A K O С А К А Ш П Т И Ц И
лице
Пушти ги ѕвездите
новите соѕвездија за тебе
да ги ѕвездаат…
Исечи го молкот со крикот
a потоа летот свој
oсвети го со песна , досегa, неопеана,
oбележи го со бескраји со силата на грлото свое…
Со прстенот
единствено слободата нека те прстенува…
Oблаците не ги кини во парчињата,
во окото свое стави го небото
и не го чекај самракот…
На пасторалите вознесенски ,
во просечноста упакувани,
просечните се радуваат …
На нив остави им
Семки и трошки…
Нека се засрамат
височините и од сега,
со твојот сон нека се мерат…
Aко сакаш птици,
биди птица !
Не корни ги пердувитена своите крилја,
Изостри го својот клун
и во мир, без совест и гадење,
изеди ги тие црви
кои на патот ќе ти се најдат…