Атина Апостолова замина во легендите

Скопје, 7 Март 2024

Денеска во Скопје почина легендарната фолк интерпретаторка Атина Апостолова.

Родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Со музика почнала да се занимава во 1968 година.

Таа е македонска пејачка на народна музика., а најпозната е по песните “Запејте мераклии”, “Цела вечер ќе ти пејам”, “Верувај ми”, “Усни румени”, “Те видов и се заљубив”, “Иле Илија” и многу други.

Таа имала турнеи во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски.

Имала одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков.

Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (“Верувај ми”) и Ефто Пупиновски (“Скопските боеми”)…

Во 2023 година на Фестивалот “Тумба Фест” Куманово ја добива наградата за животно дело.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.