Денес, 26 февруари, во Музејот на македонската борба за независност се одржа конференција на тема „Украина- две години хероизам“, во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ- Центар за слобода.
Во програмата на конференцијата се обратија македонскиот претседател Стево Пендаровски и амбасадорката на Украина Лариса Дир, следуваше и видео обраќање на премиерот Талат Џафери, но на говорницата говореа и вицепремиерите Бојан Маричиќ, Славица Грковска, министерот Бујар Османи и други високи претставници на државните институции.
Во втората сесија говореа дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и Литванија.
Во фоајето на музејот беа поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, во која што беа претсвен на фотографии повеќе објекти и градови некогаш и како изгледаат разрушени тие сега, потоа и електронска изложба со виртуелна реалност во која што присутните можеа да погледнат снимки од разурнати делово на Киев и други места, како и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.
Присуствуваа и гости од Украина, а на штанд беа изложени изработки од кукли сувенири, а средствата од продажбата ќе бидат донирани за Украина.
Во рамките на програмата се одржа и промоција на книгата „Украина – години на хероизмот“ од Џабир Дерала.
Настанот беше пренесуван во живо на медиумската платформа на ЦИВИЛ, на Фејбук профилот и Јутуб видео каналот на организацијата.