Конференцијата „Сите во акција за справување со врсничко насилство“ ќе се одржи в среда, на 21 февруари 2024 година, во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, со почеток во 11 часот.
Конференцијата е завршен настан на проектот „Сите во акција за безбедни училишта“ – поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност (МГО), во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ што се финансира од ЕУ, реализиран од Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје.
Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за фактичката состојба, превенција, препознавање и справување со различни форми на врсничко насилство.
Покрај тоа, на конференцијата ќе бидат споделени и искуствата на претставниците на вклучените институции што беа дел од проектните активности.