(Фото: ООУ “Гоце Делчев”)
Скопје, 14.02.2024
По повод празникот Свети Трифун, кога според македонската традиција се закројуваа лојзе за да даде богат род, и по повод празникот на вљубените кој се прославува како нов тренд, најмногу меѓу помладите, и годинава се одржаа традиционалните “Дебармаалски средби и серенади”, во организација на неуморниот уметник Живко Поповски Цветин.
Претпладнето, учениците од ООУ “Гоце Делчев”, беа дел од програмата на фрлање шише во реката Вардар со пораки за мир и љубов во светот, заедно со уметникот Цветин и број к љубители на убавиот пишан збор.
Закроујувањето на лозницата “Кај Жабарот” е традиционален ритуал кој продолжи со дружење и поезија во оваа позната крајвардарска кафана.
На приквечерината, пр романтичното заоѓање на Сонцето на спектакуларен начин по улиците на Дебар маало, од кај пекарата “Силбо” и слаткарницата “Апче” преку ресторан “Антика” сѐ до “Кај Перо” се пееја песни од страна на хорот “Серенада” и хорот на Вања Лазаровска, а дел од учесничките од балкон од дебармаалска зграда ѝм фрлаа колачи и цветни декорации на учесниците, за среќа..
Познатите Верица Ристевска, Љупчо Ангеловски, Ристо Лијаковски, оперската дива Серафина Фантаузо, писателот Стојан Арсиќ и многу други се редовни учесници секоја па и оваа година, кои го збогатија овој настан, на кој присуствуваа стотина гости.
Веселата дружба заврши со песна, рујно вино, заблажување и поделување на цветни цртежи од Цветин за учесниците.
Валентина Ѓоргиевска Парго
Фото: Оливера Јовановски