Утревечер ќе се пеат серенади низ Дебар Маало

Утре, 14 февруари, по повод православниот верски празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите и католичкиот празник Свети Валентин, кој веќе се смета и за меѓународниот ден на вљубените ќе се одржат традиционалните Дебармаалски серенади.
Оваа манифестација ја организира уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин и има традиција долга 20 години.
Почнува со традиционално закројување на лоза кај познатата кафана “Кај Жабарот” читање поезија и пуштање мироносна порака по водите на Вардар, продолжува кај “Апче“ на боза, а вечерта од од 17 до 20 часот ќе се изведуваат серенади и низ дебармаалските улици и кафеани, со голем број учесници, пејачи и музичари.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.