Третото издание на спортската манифестација ” Охрид трчаТ“ ќе има рекорден број на учесници. Пријавени се 1585 натпреварувачи на 5 и 10 километарските трки, како и за тим билдинг трките во двете делници.
Kомплетниот тим кој стои позади проектот „Охрид трчаТ“ им се заблагодарува на сите пријавени и ги повикува оние кои не учествуваат во недела, на 2 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.
Програмата на Атлетскиот викенд започнува в петок на 31 мај со Ноќната трка.
Учеството за Ноќната трка од организацијата најавуваат дека е бесплатна, а на целта ќе има концерт во живо и паста забава.
Подигнувањето на стартните пакети за учеството на атлетската манифестација ќе биде во сабота на 1 јуни од 9 до 20 часот на градскиот плоштад, информираат организаторите.