Кики Рахимовски во Скопје ќе промовира песна и ќе прими постхумна награда за својот татко Аки

„Киша је падала“ е насловот на новата песна на Кики Рахимовски. По успешната љубовна балада „Сузе небеске“, нема сомнеж дека оваа нова балада ќе ги освои и срцата на неговите обожаватели и следбеници во целиот регион.
Новиот сингл Кики Рахимовски ќе го претстави оваа среда (27. декември) од 12 до 13 часот, во Градска кафеана Пелистер во Скопје, во неформално предновогодишно дружење со македонските новинари. Освен Кики, за неговите активности ќе зборува и неговиот менаџер Саша Драгиќ.
Музиката и текстот за песната ги напиша самиот Кики, а за аранжманот се погрижија Саша Миочиќ и Елвис Сршен. Спотот се снимаше во Студио Хангар во Загреб, а на Кики и на неговиот бенд им се придружи и убавата Амела Броз.
Киша је падала“ е напишана пред четири или пет години, и гледајќи низ некои текстови од порано, наидов и набрзина добив идеја за музика која совршено одговара на овие текстови, па песната е создадена многу едноставно и без многу филозофирање. Додека работевме на албумот, оваа песна не ми одговараше и едноставно не беше време да ја издадам тогаш. Се надевам дека публиката ќе ја препознае песната како своја и ќе ја прифати дури и подобро од „Сузе небеске“, вели Кики.
Но, уште нешто, еден ден пред средбата со новинарите од Македонија, на 26 декември, наследникот на легендарниот Аки Рахимовски ќе ја прими наградата која Македонскиот олимписки комитет постхумно ја доделува на неговиот татко.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.