(фотографија од ФБ страницата Коста Солев)
Кочо Рацин
македонски книжевник и социјалистички деец
Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин (Велес, 22 декември 1908- Лопушник, 13 јуни 1943)— македонски книжевник и комунист, најпознат по својата поезија.
Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.
Татко
Апостол Солев
Мајка
Марија Солева
Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова- Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зеде од неговата втора љубов- Невенка Вуиќ.
Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен-костурницата во Велес, каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари. Повеќе пати до денес се предложила и разгледала идејата Кочо Рацин да биде погребан во засебен гроб во центарот на Велес. Идејата била прифатлива за семејството Солеви и градоначалникот на Велес, но не и од Сојузот на борци на Велес.
(Фонт Ласко Џуровски)