Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во Театарот за деца и младиници– Скопје беа дел од најискрената публика, децата од социјално ранливи категории, кои се дел од штитениците на Министерството за труд и социјална политика.
-Со децата имаавме можност да ја гледаме театарската претстава „Гига мега бајка“, приказна која е колаж од веќе познатите смешни и забавни бајки „Црвенкапа“, „Пинокио“, „Аладин“, Заспаната убавица“. Претставите за најмладите ја развиваат детската фантазија и креативност, а насмевките и детскиот џагор се наша несомнена причина уште повеќе да вложуваме за нивната посреќна и повесела иднина. Актерите ги анимираат децата со еден куп необични и урнебесни случки кои палаво и магично создаваат еден свет кој ја раскажува модерната бајка“– изјави Костадиновска- Стојчевска по овој настан.
Министерството за култура се приклучува на настаните кои во духот на предновогодишните празници ги мапираат социјално ранливите категории на граѓани, а се одвиваат под мотото: „Среќата се споделува“.
Заедничката дружба продолжи и понатаму по оваа поучната и смешна бајка, кога на дечињата со помош на Дедо Мраз ѝм поделивме новогодишни пакетчиња.
-Посветено се грижиме за развивање и унапредување на културата уште од најрана возраст. Секое дете заслужува да го разоткрие светот на културата и уметноста, што претставува прибежиште од реалниот свет и надеж за исполнување на детските соништа и желби. Со децата си разменивме многу искрени насмевки, новогодишни желби и другарски пораки за безгрижно детство и си посакавме повесели да се видиме и наредната 2024 година“-рече министерката Костадиновска- Стојчевска.
Децата заслужуваат театар
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.