Во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, од 31 до 2 јуни, ќе се одржи Фестивалот за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2019”. Годенешното мото е „Зелено Скопје”, кое симболички ја содржи идејата за еколошката свест како култура на живеење,
Во урбано Скопје , деновите од претстојниот викенд ќе се случи вистинска експлозија на несекојдневни културни настани. Од 31 мај до 2 јуни, на повеќе сцени во градот ќе се одвива осмото издание на Фестивалот за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2019” зад кој години наназад како организатор стои Здружението на граѓани Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.
Генералната идеја е, преку Фестивалот и неговата програма, да се ангажира креативниот потенцијал на Скопје, во насока на создавање на подобра релација помеѓу жителите и животната средина, како и да се поттикне креативно и иновативно делување, со цел создавање на творештво кое ќе придонесе во општествениот и економски развој на градот. И, не само тоа туку најотворено да се поттикне и смела акција која во случајов разбирливо го изнедри и годинешното мото на манифестацијата: „Зелено Скопје“.