Промоцијата на „Живот без сведоци“ ќе се одржи на 14 декември (четврток), со почеток од 19 часот, во Филхармонија- бар.
Во издание на Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат новиот роман на познатата авторка и поетеса Наташа Сарџоска насловен „Живот без сведоци“. Ова е втор роман на Сарџоска по „Трамонтана“, кој се вброја меѓу најдобрите романи за 2021 година и беше во тесна конкуренција за Роман на годината.
Промоцијата на „Живот без сведоци“ ќе се одржи на 14 декември (четврток), со почеток од 19 часот, во Филхармонија- бар, а негов промотор ќе биде авторката и проф. д-р Маја Мухиќ. Низ разговор со авторката, на публиката ќе ѝ биде претставен романот што ни ги отвора очите за дел од стварноста пред кој често замижуваме. Посегнувајќи по нови теми, Сарџоска стилски нè навраќа кон извонредните делови од „Трамонтана“ и уште еднаш ни докажува дека прозата е уште една нејзина силна страна.
Венко Андоновски го опиша романот како „кревок, срамежлив, ранлив, а истовремено страстен, бурен и возбудлив“. Тоа е доволен поттик за посета на оваа промоција што ќе ни ја заокружи годината на домашната книжевност со одлично дело од богатата ризница на македонски автори.
“Живот без сведоци” нов роман на Наташа Сарџоска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.