петок 22 ноември, 2024
Почетна ЗАБАВА И МУЗИКА Медиуми и Шоу Бизнис Ѕвездата на „Игра на тронови“ Кит Харингтон на рехабилитација поради голем стрес

Ѕвездата на „Игра на тронови“ Кит Харингтон на рехабилитација поради голем стрес

Ѕвездата на „Игра на тронови“ Кит Харингтон се пријавил во рехабилитациски центар во САД поради стрес по завршувањето на серијата. Американските медиуми денеска објавија дека тој заминал на третман пред неколку недели заради “решавање на некои приватни проблеми“

Британскиот актер повеќе пати признал дека бил преплавен од емоции по завршувањето на снимањето на последната сезона на „Игра на тронови“, на која работел осум сезони. Според изјавите тој признал дека “На последниот ден од снимањето се чувствував добро, но потоа почнав малку да хипервентилирам. Кога рекоа дека е готово, се скршив. Тоа беше напад на олеснување н тага што веќе никогаш нема да го правам ова“.

Во неделата, Ејч-Би-О објави документарец за снимањето на последната сезона, во којшто Харингтон е прикажан како плаче кога дознава дека ја убива Денерис, но и поради судбината на својот лик.

И други ѕвезди од серијата, како Мејзи Вилијамс и Ајзак Хемпстед Рајт, признале дека снимањата биле немилосрдни и дека животот им се одвивал под голем притисок.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }