Во организација на Здружението на просветни работници на град Скопје а во соработка со Град Скопје на 02.12.2023 година се реализираше манифестацијата “Просветен работник на годината на Град Скопје за учебната 2022/2023 година”.
Според претходно распишан конкурс со одредени критериуми се доделија Признанија на најдобрите просветни работници на територијата на градот Скопје од сите сфери на образованието.
Добитници на Признанието се следните просветни работници:
– Клементина Петрушевска, воспитувач во ЈУДГ “Весели Цветови”, Општина Кисела Вода
– Весна Бошковска, одделенски наставник во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”, Општина Кисела Вода
– Олгица Бајалџиева, предметен наставник во ОУ ” Петар Поп Арсов”, Општина Карпош
– Саниа Качар (од заедниците) предметен наставник од ОУ “Живко Брајковски”, Општина Бутел
– Наташа Божиновска, наставник по стручни предмети од СЕТУГС “Михајло Пупин”.
Исто така се доделија и две специјални Признанија за особен придонес во воспитно-образовната и хуманитарна дејност на Проф. д-р. Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје и на светски познатиот, а наш ликовен уметник и хуманист Живко Поповски Цветин. Признанијата ги доделија претседателката на здружението Катерина Митковска и заменик градоначалникот на Град Скопје, г-дин. Александар Трајановски.
На манифестацијата беа присутни голем број гости и поддржувачи на здружението а на кои ѝм беа доделени благодарници за соработка меѓу кои:
– Градоначалникот на Општина Карпош, г-дин. Стевче Јакимовски со која општина здружението имаше реализирано проект во Р. Србија
– Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) и претседателот Томислав Гиевски
– Издавачката куќа “Просветно Дело” на чело со директорката Весна Дуковска и уредничките Сузана Томовска и Елена Новкоска.
– Хуманитарни akcii.mk и претседателот Владимир Чолаковски
– Спомен куќата на Мајка Тереза и директорот Насер Цури
– Едукативен клуб “Импакт”.
– учениците со своите ментори од ДМБУЦ “Илија Николовски- Луј” на чело со директорката Даница Стојанова, кои изведоа прекрасни музички и актерски точки
– Словенечкиот хор “Франце Прешерн” под диригентската палка на маестро Томислав Шопов, кои фантастично изведоа неколку македонски, словенечки и други нумери.
– Советници од БРО, писатели, поети, новинари, родители и ученици.
Модератор на настанот беше познатата водителка и поетеса Лилјана Стоилковска, м-р. по педагошки науки, писател и новинар и Александра Кузмановска, наставник по англиски јазик при ОУ “Петар Поп Арсов”.
Валентина Ѓоргиевска Парго
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.