Тридневен џез- фестивал со италијански музичари

По повод одбележувањето на 30 годишнината од дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија, Амбасадата на Италија во Скопје го организира италијанскиот џез-музички фестивал „JaZzIT! Italian jazz trilogy“, кој ќе трае три дена, од 5 до 7 декември 2023.
Фестивалот е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје, заедно со престижната римска музичка институција „Fondazione Musica per Roma“, „Casa del Jazz“ и Италијанскиот институт за култура во Белград, со поддршка од италијанското Министерство за култура.
На отворањето на фестивалот, на 5 декември, во клубот „Станица 26“, од 20.30 часот, македонската публика ги проследи оригиналнитр изведби на водечки имиња на италијанската џез-сцена, како саксофонистот Марчело Аули, триото „The Original Box Brothers“ (со уникатен грув на „гаражен бенд“ со џез-изведба на легендарниот басист Енцо Петропаоли), како и познатата кантавторка Костанца Алегиани.
На 6 декември, исто така во „Станица 26“ еконцертот на виртуозот на труба Џовани Фалконе (солист), а по него дуото Мауро Кампобасо и Мауро Манцони со патувачкиот проект „Vanishing Point“, а потоа и триото „Федра“ со Симона Северини, со автентичен спој на џез и античка музика.
На 7-ми декември, во Македонскиот народен театар, фестивалот ќе кулминира со концертот на квартетот на младиот саксофонист Габриел Марчијано и неговиот проект „A reason to believe“ (во модерниот стил на њујоршкиот џез), а потоа и со изведбата на „Freak Machine Trio“ на Џовани Фалконе (со многу ритмички и мелодични композиции, инспирирани од медитеранскиот фолк и панк-рок).
Овие реномирани италијански џез- музичари во своите професионални биографии имаат бројни студиски албуми и изведби на светските сцени, а дел од нив имаат работено со повеќе џез-легенди, како Пет Метини, Чит Бејкер, Паоло Фрези, Роберто Гато, Дејв Бурел, Роберто Отавијано, Џанлуиџи Тровези итн.
Влезот за концертите во клубот „Станица 26“ ќе биде бесплатен. Билетите за концертот на 7 декември ќе може да се набават на билетарницата на Македонски народен театар.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.