Целта на проектот Блендер-децентрализирана култура, е коренита и суштинска децентрализација на културата во Македонија, преку креирање на интрарегионални партнерства меѓу локалните институции, организации и индивидуалци, како и нивно вмрежување со сродни институции од главниот град. Целта не е само организирање на еден ефемерен настан, туку поставување темели за понатамошни слични акции и случувања кои директно ќе ја збогат локалната културна сцена и ќе создадат плодно тло за самоорганизирање и иницијатива.
Оваа година Фестивалот ќе се одржува на 13 и 15 јуни во Капан Ан и Кинотека на Македонија. На 13-ти јуни во Капан Ан ќе има два ди џеј сета на Мартчин- диџеј сет и Роботек-диџеј сет, а на 15-ти мај во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на филмовите на Божа Васиќ (Нови Сад, Србија): – ДАМИ ВО БЕЛО (LAS DAMAS DE BLANCO – LADIES IN WHITE) , ДЕФИНИРАЊЕ НА ГРАВИТАЦИЈАТА (DEFYING GRAVITY – DANZA VOLUMINOSA). Ќе биде отворена и изложба на фотографии од серијата “Поместување – кога твојот свет се превртува наопаку”.
На Фестивалот ќе настапи и Триото The Local Blue .Нивната музиката е динамична и психоделична. Нивниот звук не може да се опише како збир на секојдневни, тривијални вибрации, ниту пак да се дефинира низ призмата на постоечките жанрови. Напротив, текстурата на звукотна The Local Blue претставува цврста основа за креирање несекојдневни и уникатни звуци кои се филтрираат преку кохезивноста на инструменталистите.