Награда „Св.Климент Охридски” за Рабије Мурати и Антонио Митрикески

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ согласно Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ”бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл. весник на РСМ бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница, одржана на 21.11.2023 година донесе:
О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република С. Македонија:
1. Во областа на воспитанието и образованието наградата и се доделува на:
– проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор

2. Во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на:
– Антонио Митрикески, филмски режисер
Наградата на добитниците ќе ѝм биде врачена на 8 декември 2023 година (петок) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Претседател на Одборот за државната награда
„Св. Климент Охридски е Томислав Османли.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.