Уредничката на порталот за култура и уметност “Куларт” Валентина Ѓоргиевска Парго, денес во ексклузивното новогодишно интервју за музичкиот портал “Музика 24″ потсети на најубавите концерти од оваа година, кои таа професионално ги следеше и третираше за потребите на нашата Редакција.
Парго оваа година ја прогласи за година на преубави концерти, во која ги смести сеќавањата на концертите на- Роџер Ино и Емин Џијан, Ѓоле Максимовски, Мухамед Ибрахими, Здружение на Џез Музичари, “Ајга” и Иво Погорелиќ, “Лезет”, “Севда”, “Гајрет”, Василичарскиот концерт, Благој Нацоски, Албан и “Акул Њ Вере” (во Лече Италија), Георги Шаревски, Скопскиот џез фестивал 2023, комеморативниот концерт по повод 80 години од депортацијата на македонските Евреи во МОБ, концертот на “Филип Букршлиев трио”, Глигор Кондовски,Сашо Поповски трио, диџеј Кеско во МКЦ, промоциите и свирките во “Аудиокултура” и за неа концертот на животот кој се случи во април, кога за последно ја стегаше најтоплата и најсаканата рака на светот, на нејзиниот Татко, на концертот на „Профундис”, со Драган Ѓорѓевиќ- Сузуки и Ѓурѓица Дашиќ во Македонска Опера и балет. Исто така се потсети и на средбата со славниот грчки автор Антонис Папас (на фотосот), меѓудругото и на големиот евровизиски хит „I die for You“, ова лето во Атина.
За Хит на годината го прогласи новиот алтернатива/инди хит “Валентајн” на славните евровизиски победници, италијанската група “Манескин”.
Линк до целото интервју направено со уредникот Иван Јосимовски овде.