Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави слика од Јован Јованов и Пајак во студио. Фановите се прашуваат, што ли се готви во студиото Јованови? Многумина помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован, но на големо изненадување се работи за дует и тоа на ремикс на мега хитот Магија. Само за потсетување песната Магија во изведба на група Магија беше победник на Макфест во 1998 година и сѐ уше се слуша по нашите радио станици и ноќни клубови.
По желба на Пајак, Јован по 14 години ќе запее повторно “Ќе ми треба магија” и тоа во дует со Пајак. Дознавме дека за песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со спот наскоро ќе биде промовирана на Урбан Рекордс. Како ли ќе звучат заедно со нетрпение ќе почекаме да слушнеме.
Јован Јованов последнава декада живее во Канада и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на музичката индустрија во Канада. Многу македонски хитови напишани од него сѐ уште останаа да се слушаат и пеат.
Овој дует се надеваме дека ќе биде едно убаво освежување за Македонската музичка сцена но и поттик за нови проекти за во иднина– ни изјави Јованов
Јован и Пајак со најава за ремикс на мегахитот “Магија”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.