Проф. Здравко Кокановиќ- Коки роден е во 1959 година во Бјелина, Босна и Херцеговина. Од 1979 година живее во Марибор, Словенија. Во 1983 дипломирал на Педагошката академија, а на Педагошкиот факултет во Марибор дипломирал на насоката ликовно воспитување во 1993 година. Иконописот го усовршува во 1996 година на Институтот на Свети Тихон во Москва. Здравко Коки Кокановиќ е вајар, сликар, фотограф, поет и…заљубеник во природата од која црпи инспирација за својата творечка работа. Имал многубројни групни и самостојни изложби во Словенија но и во Мадрид, Виена, Киев, Загреб, Риека, Осјек, Москва, Будимпешта. Со фотографија се занимава од 1973 година. Дизајнирал повеќе корици на книги, а своите книги самостојно комплетно ги подготвува за печат. Објавил деветнаесет збирки песни и размисли. Учествува на многу домашни и меѓународни поетски и книжевни манифестации, објавува во повеќе списанија и зборници на српско и хрватско говорно подрачје. Член е на фотоклубот во Марибор, Друштвото на словенечки ликовни уметници, Есператнсткото друштво, на Мариборската литературна дружина, Хрватското книжевно друштво. Настапувал ширум Словенија. Хрватска, БиХ и Србија. Добитник е на повеќе признанија и награди. Живее и работи во Марибор.
По насипот
оди чапја
насипот ја ограничува водата
во водата се огледуваат облаците
во облаците надежта
ги шири крилјата
во копнежот
за подобро утре,
утре не е живот
и полн е со
неизвесности,
а животот
сака да живее
денес.
***
Се сребрат зраците
на планината се топи снегот
денес е пролет душо,
речи дека земјата е добра
дека смртта не е страшна
дека над првата трева
дише духот на ветрот
облечен во белa свила
во сите и во се
секогаш живее тајна
цвеќенце, браздичка
и поток, се
една душа нежна.
Под небосводот
Облечена во жива,
бела свила,
смртта не е страшна,
а земјата е добра
денес е пролет
снегот се топи на планината
се сребрат зраците.
***
Приказните
за животот
што сами
ги раскажуваме
ги бележи времето
кое се троши
лизгајќи се кон цртата
на чиј допир
се губи судбината
со нитки ја плете
во вечноста
опиена со вкусот на пелинот
со голем скок
ќе дојде
да го оплоди летото
утрешната страна на љубовта
на босите нозе
ги чувствувам камењата
расфрлени на нејзиниот брег.
Избор и препев: Филип Димкоски