По успешното презентирање на Полиаморнит Манифест на годишниот конгрес на Светската асоцијација за сексуално здравје (WАS) во Анталија, во период од 23 ноември до 3 декември оваа година во Македонија ќе гостува гуру Макаја – Аба Азиз Макаја (Фрањо Милиќевиќ), еден од најголемите светски учители на тантра, кундалини јога и сексолог.
Гуру Макаја е харизматичен, екстатичен духовен учител, чија лична животна мисија е: ширење на спознанието за љубовта и сексот као духовен пат, за уметноста на трансформација на сексуалната енергија во боженствена љубов и екстаза.
Макаја во Скопје ќе одржи предавање на тема:
„Современа тантра – нови димензии на партнерската љубов и духовност“.
Предавањето ќе се одржи: 24.11.2023. (петок) во 20 часот во Културно Информативен Центар (КИЦ) – Салон 19:19 во Скопје.
Влезот е слободен. Вовед: Димитар Готама Митров, претседател на Комаја – Здружение Скопје.
Ќе биде оддржана и работилница со практични совети и техники за подобар и посреќен љубовно-еротски живот со методите на Комаината школа на тантра: 25.10. – 26.11.2023. во ашрамот Зен, Комаја Здружение Скопје, ул. Христо Смирненски 37, 1000 Скопје.
Гуру Макаја (Аба Азиз Макаја) е светски признат учител по кундалини јога, тантра, сексолог, основач на меѓународна духовна заедница и тантричка школа Комаја (www.komaja.org), со седиште во Швајцарија и со центрите ширум Европа и светот (Швајцарија, Германија, Вел. Британија, Ирска, Австралија, Малта, Хрватска, Македонија).
Макаја е меѓународен авторитет од областа на сексуалноста, љубовта, партнерските односи, јога и тантра. Тој е признат филантроп и хуманист. За својата работа има добиено голем број на признанија и награди. Добитник е на американската награда за сексуална интелигенција (SIA) и член е на Светската асоцијација за сексуално здравје (WАS). Автор е на неколку книги за сексуалноста, тантра и духовен развој: Komaja, Eros i logos, Komaja – The Spiritual School, Komaja Kunst, Božanski seks bez tabua. Често патува по светот и држи предавања и работилници.
Редовно гостува во познати светски медиуми (RTL, ARD, ATV, SF1, Sueddeutsche, Playboy, Wiener, Die Weltwoche, Комсомолскаја Правда и др.). За „љубовнот гуру“ и „најголем секс-гуру во Европа“ пишува германски Playboy, „Господар на цвеќето“ – постулира Süddeutsche Zeitung, „Уметноста на заведување“ – швајцарски неделник Die Weltwoche, а дури и источноевропски медији (руска Комсомолскаја Правда, романски ФХМ, булгарски Стандард и останати) детално известуваат за „сексуалниот просветител“ на 21. Век.
Научните истражувања имаат потврдено дека луѓе кои редовно ги практикуваат комаините тантрички методи се ментално поздрави од контролната група. Младите кои кои ја поминуваат комаината Љубовно-еротска терапија, трајно се ослободени од зависности од дрога.
Комаја тантра или „љубовта што зрачи“ е духовен систем кој обединува кундалини јога и тантра. Тоа е патот на трансформација на сексуалноста во екстатична, боженствена љубов, патот на соединување и екстаза. Комаја представува длабок и недогматичан пристап кон духовноста. Клучот на Комаината тантра е Љубовта. Комаината тантра е боженствена љубов, блаженство, екстаза, бистина и радост на живеењето. Комаините техники не се косат со ниту едно верување или религија и можат да ги практикуваат сите, без оглед на нивното религиско и секое друго определување.
Денес, повеќе од било кога, ни е неопходна нова култура на сексуалноста и на љубовта, денес кога живееме во време на пореметени партнерски односи, распад на бракот, фамилијата и на сите вредности, и кога сексуалноста е сведена на инстант секс, без љубов, без емоции и без трага на духовноста. Денес ни е неопходен нов пристап кон сексот, кон љубовта и кон партнерските односи, втемелен на взаемно разбирање, комплементарноста и искрената љубов. Промената се бара од сите нас, не само од оние кои донесуваат политички одлуки. Системот на Макаја ја прави оваа внатрешна револуција за можна:
„Следнит чекор во еволуцијата на човештвото ќе биде остварен дури тогаш кога ќе се постигне освестување и контрола на сексуалната енергија. Тоа најлесно се постигнува со помош на природната способност на мажот и жена да се вљубуваат и да бидат во љубовта.“
Макаја нуди систем за свесна интеграција на сексот, љубовта и свеста, каде што сексот-со-љубов и свеста како доминантни сили – го чинат човекот длабоко исполнет и сеопфатно исцелуван. Тоа носи среќа и исполнетост во љубовниот и сексуалниот живот на луѓето.
Врската помеѓу едно – контрола на сексуалната енергија, и друго – способноста за заљубување и љубов, Макаја го образложува во својата теологија на сексуалноста што ја проучуваат и водечките умови на светската сексолошка наука.
Комаја ја нуди сеопфатната програма на образование и основно духовно школување во рамките на школата на Комаја тантра, обработуваќи ги темите на љубовта, сексуалноста и духовноста.
За Макаја зборуваат и го подржуваат многумина признати експерти и авторитети на областа на сексологија и духовниот развој, ренонирани писатели, интелектуалци, професори (д-р. Маријан Кошичек, проф. д-р. Ферид Мухиќ, д-р. Марти Клајн, д-р. Дебора Таџ Анапол и др.)
●Д-р. Марти Клајн (САД), интернационално познат фамилијарен и сексуален терапевт, терапевт за парови, автор на повеќе бестселери на тема сексуална едукација и терапија на парови: „Сексолошката работа на Аба Азиз Макаја има политичко значење: во светот кој што се концентрира на спротивности и разлики, Макаја… зборува за еротското потиснување од кое што сите патат и поучува за начин на живот кој ги потсетува луѓето на тоа што им е на сите заедничко: потенцијал за еротско исполнување и свесна љубав.“
●Рејмонд Ј. Лоренс, авторот на книгата The Poisoning of Eros (Добитник на награда за книга на 9-тиот Светски конгрес на сексологија), САД: „Делото на Макаја е храбар и провокативен чекор кон спасение на еротското.”
●Проф. д-р. Маријан Кошичек, автор на повеќе од 20 книги на тема сексуалност, таткото на сексолошка наука на подрачјето на бивша Југославија: „Книгата Ерос и логос без смонеж ќе им помогне на луѓето да се снајдат подобро во љубовно-еротскиот живот.“
●Д- р. Дебора Таџ Анапол, САД, авторка на книга Polyamory: The New Love Without Limits: „Ерос и логос нуди инспиративна визија како во потполност да се искуси севкупниот потенцијал на човечката интимност (…) Сите што се обидуваат да го разберат темелното единство на сексот и спиритуалноста, ќе го пронајдат тука.“
●Волф Сугата Шнајдер, издавач на книгата CONNECTION и на списанието CONNECTION: „Според мене, Аба Азиз Макаја е еден од најголемите живи мајстори на тантра. Како ретко кој, тој го препознава светото во сексуалното и панеротското во животот на автентичните светци. Се восхитуван на неговото храбро заложување за љубов и искреноста, за духовен, исполнет живот без лицемерие и трули компромиси, како и на неговото учење за
’продуховување на сексуалноста’…“
●Проф д-р Ферид Мухиќ, меѓу другото ќе истакне:„…Наместо да ја разгледува целата историја на цивилизацијата како историја на страданието (Historia calamitаtem), Комаја предлага модел на историја на задоволството, радоста, историја на екстазата, кој што може да доведе до истата цел: највисоко блаженство и до состојба без потреби и незадоволства.“
Комаја е духовна заедница која на 7.10.2023 славеше 45 години постоење.
Гуру Макаја- Аба Азиз Макаја ќе гостува во Македонија
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.