Утре (21.11 2023 година), со почеток од 19.00 часот, во големата сала на Народен театар- Гевгелија, целовечерен концерт ќе приреди Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Влезот е слободен.
“Изворни минијатури” е проект е замислен како сценско- едукативен караван низ неколку градови на земјата, со кој Ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои р’ти репертоарот на „Танец“.
Премиера на филмот “Огледало” ќе се одржи во Домот на културата „Македонија“- Гевгелија. Таму премиерно ќе се емитува арт- филмот од сопствената продукција, насловен „Огледало“, во продукција на Дом на култура „Македонија“-
Гевгелија, а во сорaботка со Ансамблот за традиционална музика и игра „Бојмија“ од Гевгелија. „Огледало“ ќе се прикаже на 22.11
2023 година, со почеток од 19.30 часот, во фоајето на Дом на култура. Влезот е слободен.
Гевгелија: Концерт на Танец и премиера на филмот “Огледало”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.