20.11.2023
Денеска во просториите на кафе барот Паб Карактер во Прилеп се оддржа голема хуманитарна акција со наслов: Помогни, донирај, и заштити ја животната средин!
Хуманитарниот настан беше во организација на меѓународната компанија “Нови сончеви панели – NSSPV” која обезбеди околу 25 пакети за социјално загрозени фамилии, лица со телесен инвалидитет, лица без родители и стари и изнемоштени лица. Целта на хуманитарната акција е да излезе во пресрет на ранливите категории на лица, на еден симболичен начин на прагот кога доаѓа зимата, да им даде значајна поддршка во домакинскиот буџет. Со овој гест, дава искажана грижа кон ранливите категории.
Со хуманитарната грижа и посветеноста, вредноста и солидарноста самата компанија дава голема поддршка кон Еко стандардите и зачувување на еко животната средина. Првата канцеларија е отворена во Нови Сад, веднаш потоа и во Белград. Компанијата која се занимава со производство на сончева енергија преку сончеви панели, има за цел љубовта кон заштита на животната средина да ја преточи во хуманитарна мисија.
Ова е прва хуманитарна акција на брендот NSSPV во нашата земја, а до крајот на оваа година компанијата ќе овозможи да се организираат уште неколку хуманитарни акции и во други градови низ Македонија.