17.11 2023
Работилница: Карневал за „Себеси“
12:00 ФДУ Ментор: Мирза Метин
Оваа работилница претендира преку серија на физички и вокални вежби учесниците да доживеат автокарневалско искуство. Вежбите главно се составени од вокални и физички анализи на традиционални курдски танци и песни. Различните овчарски гласови се исто така една од темите што се провлекува низ овие вежби. Во вториот дел од работилницата ќе се користи и сопствената културна, физичка и вокална меморија на учесниците.
ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0
18:00 МКЦ Галерија 2
Со цел преку поддршка на кревката локална сцена да придонесе кон афирмација, феминистичка едукација и развој на продукција во полето на современите изведувачки уметности, во 2021 година, Тиииит! Инк. ја формираше Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Како продолжение на програмата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0, годинава локален интердисциплинарен колектив развива феминистички преформанс, чијашто премиера е планирано да се случи во рамки на програмата МОТ+. МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА е нивниот проект, кој допира до актуелни феминистички прашања преку преиспитувањето на можностите за радикална самоопределба и идентитетска трансформација. Поаѓајќи од истоимената монодрама на германската авторка Карен Јес (DIE KATZE ELEONORE, Caren Jeß), тие ги истражуваат овие централни прашања од феминистичкиот и родовиот дискурс, но и можностите за колаборативна изведувачка практика, која се води од дијалогот помеѓу теоријата и уметноста. Истражувајќи преку комбинирањето на различни перформативни медиуми – видео, трансформација на простор, звук, тело, говор и авторски текст, колективот се занимава и со сопствената позиција во локалниот уметнички контекст, преведувајќи го изворниот текст и како израз на индивидуалната и колективна криза на припадност и неприпадност. Во рамки на презентацијата на платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0 која Тиииит! Инк. ја реализира во соработка со ЛОКОМОТИВА – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, ФДУ Скопје и МОТ, ќе бидат претставени фрагменти од досегашната работа на перформансот преку кои ќе може да се увидат некои од основните принципи и методи на работа на колективот.
Евангелие по Ф.М. Достоевски
20:00 МКЦ сала 25 мај
автор: Фјодор М. Достоевски режија; Јернеј Лоренци
Достоевски целиот свој живот се обидувал да навлезе во суштината на тоа кои сме навистина, признавале ние или не.
Филозофскиот фокус на „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ е сконцентриран околу прашањата дали Бог постои и ако постои, зошто создал таков пекол на Земјата каде што живееме во толку многу болка и страдање; и ако не постои, каква надеж имаме за да излеземе од оваа беда и суровост? Лоренци и Старина првенствено ги поставуваат овие прашања со прикажување приказни за детските страдања. И навистина, детето е толку важен лајтмотив, што сликата на детето е на постерот за претставата (младиот Раскољников). Да го преформулираме прашањето на почетокот на параграфот – ако децата како најневини човечки суштества толку многу страдаат на Земјата, дали тоа е доказ дека Бог не постои или дека е крајно суров?
Играат:
Радивој Ќупиќ, Лидија Стевановиќ, Ненад Пеќинар, Марија Меденица, Сонја Кеслер, Нина Пророчиќ Рукавина, Душан Вукашиновиќ и Димитрије Аранѓеловиќ
Сценографија: Бранко Хојник
Костимографија: Белинда Радуловиќ
Композитори: Бранко Рожман, Димитрије Бељански
Кореографија: Грегор Луштек
Дизајн на светло: Бранко Хојник, Јернеј Лоренци
Соработник на текст: Матиц Старина
Асистент на режија: Ана Јанковиќ Исидора Куленовиќ
Асистент на сценографија: Даниела Матовиќ
Асистент на костимографија: Снежана Хорват
***
А синоќа публиката проследи
16.11 2023
Три дена на МОТ партнерство на ФРУ со Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор.
Годинава МОТ ја претставува исклучителната соработка за презентирање на партнерство на ФРУ со Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), преку „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, инсталација во три чина која се надоврзува на претходните проекти и изведби кои „Факултетот за работи што не се учат – ФРУ“ ги прави веќе 10 години, со читањето на градот, јавниот простор и конкренти објекти, од 2013 – 2023 година.
„ Градот како сцена II – приказна за шетачката е тридневен настан (поеден перформанс дневно) кој во целината создава театар/изведба. Настанот за МОТ е акција што треба да предизвика релации во локалната но и интернационалната заедница. Практично сакам/е да си играме со протоколите на тоа што е театар? Што е тоа што одредува театар? Што дефинира што претставува одредена сцена? Кога и како јавниот простор се трансформира во сцена? Тоа се голем дел од прашањата кои ги отвараме со оваа тридневна програма .
Соработка со Прашкото квадринале, како една од најрелевантните интернационални институции за театар, е важна поради блискоста и промоцијата на интердисциплинарната пракса во современот театар која се наоѓа во врската помеѓу просторот и изведбата.“ – вели Филип Јовановски, куратор и еден од авторите на перформансот.
Изведбата на првиот чин беше во Железничката зграда.
Ззапочна „Градот како сцена II – приказна за шетачката” – перформативна инсталација во три чина на организацијата ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ УЧАТ (ФРУ) во рамки на 48. МОТ
Простор Кино во Железничка зграда.
Организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ на 16.11.2023 годин ја отвори својата тродневна програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ во рамки на 48. издание на интернационалниот театарски фестивал МОТ.
Во 20 часот во киното во Железничка зграда (ул. Борка Талевски 26), Скопје, се играше првиот чин од програмата насловен: Изгубени (модернистички) утопии – приказна за шетачката.
Кураторски и просторен концепт/сценски дизајн: Филип Јовановски
Драматуршки интервенции: Филип Јовановски и Викторија Илиоска
Автори и изведувачи: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска.
Оваа изведба во рамки на 48 МОТ е продолжение на истражувањето претставено во рамки на Националниот павилјон на Република Северна Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година со наслов Градот како сцена: Изгубени (модернистички) утопии.
Автори: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори: Филип Јовановски и Ивана Васева.
Комесар: Русе Арсов | Продукциски тим: Ивана Самандова, Благица Петрова
Партнери: Младински културен центар – Скопје; Интернационален театарски фестивал МОТ.
Поддржувачи: Министерство за култура на Република Северна Македонија, Факултетот за драмски уметности – универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и проектот Активен ГРА(Д)/ѓани, финансиран од Европската унија.
Kраток концепт:
Трагите на модернистичката утопија на ново Скопје, замислена по разорниот земјотрес од 1963 година, сè уште живеат во градот, многу од нив напуштени, приватизирани или избришани, како „антички“ урнатини оставени во нашиот урбан и културен пејзаж. Градот, обновен со помош на југословенските и светските солидарни фондови, беше замислен како град на интернационализмот, што ја одразува општата политика на Југославија во тоа време – антифашистичка, антиколонијална, антиимперијалистичка и неврзана.
Скопје стана сцена за светската модернистичка бруталистичка архитектура, меѓу другото, а во градот влезе огромно количество знаење, кое долго време го обликуваше и еманципираше неговиот културен идентитет. Платформата „Градот како сцена“ има за цел да учи од градот како ресурс, од трагите на напуштената солидарност и преку ангажман со локалното население, да ја преиспита идејата за тоа како транснационалната солидарност може да го преобликува градот.
Како може – навидум изгубениот – град да се реконструира преку звук, движење, пристапност и законски права? На кого му припаѓа овој град? Фигурата на шетачката/ фланерката се појавува на сцената за да не покани да не бидеме пасивни набљудувачи или скитници во модерниот град, туку ангажирани дејствувачи во доцниот капиталистички град и да преминеме во самосвесност за урбаното искуство активна во грижа во повторното политизирање на заедничкото.
Преку делата на уметниците Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска, курирани во заедничка платформа од Ивана Васева и Филип Јовановски, а користејќи го нивниот метод на „читање згради“, овој проект го користи градот како текст за препрочитување историски настани, евоцирајќи ги (тектонските) поместувања, судирите и (само)експлоатациите во контрастот на локалните официјални и неофицијални истории. Зградите на Домот на АРМ и Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје, локалната мермерна продукција од Прилеп и насилството на звуците создадени на/помеѓу овие места воведуваат платформа која (повторно) го измислува градот од перипетичкото искуство и отелотворувањето на деколонизирачката шетачка која го користи телото како место за учење, грижа и учество.
ФРУ/АКТО тим:
Кураторски и просторен концепт/сценски дизајн: Филип Јовановски
Соработници на сценски дизајн/просторен концепт, визуелен идентитет, програмска координација и креативна продукција/Креативен тим на платформата градот како сцена: Димитар Милев, Тамара Џерков, Мартина Пенева, Ивана Самандова
Продукција и програмска координација: Ивана Самандова
Стручна поддршка и соработка во развој на кураторскиот и просторен концепт/сценски дизајн: Борис Бакал, Миодраг Куч, Луна Шаломон
Кураторска поддршка: Ивана Васева
Финансии и продукциска координација: Благица Петрова
Графички дизајн и дел од тимот на креативна продукција: Фросина Станковска
Извршна продукција: Андреа Маркоска, Борис Василески, Риџет Ферати
Односи со јавност: Љубиша Арсиќ и Моника Стојановска
Сценска техника и изработка на сценографија: Иванчо Велков, Мартин Манев, Владо Димоски и Марјан Ѓеоргиев
Партнери на проектот: Институт за театар од Чешка/Прашкоквадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), Театарски Фестивал МОТ, ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, ИЗОЛАТЦИА – Киев, Украина, Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, Факултет за драмски уметности- УКИМ Скопје
Проектот е поддржан од: Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондацијата „Хајнрих Бол“,Институтот „Гете“-Скопје, Активен ГРА(Д)/ѓани, финансиран од Европската унија.
Повеќе на:
https://pq.cz/pq-2023-info/projects-2023/exhibition-of-countries-and-regions/republic-of-north-macedonia-city-as-a-stage-lost-modernistic-utopias/
Реперотарот на МОТ за 16.11.2023
КЕМ
19:00 ФДУ
Сермола перформанс, Германија
Автор и режија Мирза Метин
Кêм е богат танцов израз, перформанс базиран на курдските ритуали. Традиционално, но современо. (вокален и телесен перформанс)
Кêм (Нецелосно) е современа митологија, поетски сценски сон.
Новата претстава на Мирза Метин, ‘Кêм’ се состои од низа слики од соништата изведени од Хикран Демир. Во Кем, курдската култура и ритуали играат централна улога во создавањето моќна изведба. Мистериозни грмушки, црни балони, портокалова леќа, говенди (танци), гласови на сегашноста и праисторијата и магични вдишувања ја придружуваат изведбата за да ја пронајдат примарната моќ на телото и да ги отворат вратите на визуелниот, аудитивниот и физичкиот сон на сцената. Претставата не раскажува фиксна приказна, но на крајот од денот секој посетител заминува со напишана своја приказна.
Играат: Хицран Демир
Концепт, кореографија, сценографија: Мирза Метин
Дизајн на светло: АлевТопал, Мирза Метин
Асистент и светло-оператер: Али Курум
Фотографии: Ујгар Ондер Ѕахин
Трејлер: Ерен Аској
Постер: Мир Ахмед Орхан
Градот како сцена
16 – 18.11.2023 (четврток)
20:00 Железничката зграда
Театарска инсталација во три чина
Колаборативен проект на Филип Јовановски
ЧИН 1: Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии.
Изведба на перформанс/инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачот“, продолжение на истражувањето претставено во рамки на националниот павилјон на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година, како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики, Градот како сцена. Автори: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори: Филип Јовановски и Ивана Васева.
СИНГУЛАРНОСТ
Естонија/Норвешка
21:00 МКЦ – сала 25 мај
автор: Кули Росна режија; Кули Росна, Кенет Флак
Сингуларност е мултимедијално дело за танц, интерактивен звук и визуелни елементи. Изведбата е обид за автопоезис, самосоздавање.Како чувствителен софистициран танцов перфрманс, има одличен спој на звук и слики.
Што значи слободата кога сè е поврзано?
Кога просторот е заситен со приказни
барајќи од мене да следам
или да се маѓепса.
Влегувајќи во вортексот на самиот себе,
не знаејќи кој и што ќе остане.
Ја дефинираме сингуларноста како уникатност и недостапност на внатрешниот живот. Како особеност на сето искуство. Како простор каде што сите намери и описи пропаѓаат, отворајќи се за нови квалитети. Како отуѓување од она што мислиме дека го знаеме. Како влегување во зоната.
Кореографија: Кули Росна, Кенет Флак
Музика: Мадс Кјелдгард
Дизајн на интерактивен звук: Кенет Флак во соработка со Кули Росна
Интерактивно видео: Кенет Флак во соработка со Томас Јурдан
Програмирање сензор: Кенет Флак
Дизајн на светло: Кенет Флак во соработка со Роми Рутас
Костимографија: Урсула Голдштајн
Копродукција со: Солтумату Тантсу Лава