Во Европската куќа во Велес, Меѓуопштинското здружение на лицата со телесен инвалидитет на општините Велес,Градско и Чашка-Мобилност Велес на 15.11.2023 година се одржа завршен настан на проектот “Заедно сме подобри” кој се реализираше во време од една година, кој го спроведе Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans ReLOaD2 која е финансирана од Delegation of the European Union, Skopje , Skopje,а ја спроведе Програмата за развој на Обидинетите нации UNDP MK со финансиска поддршка на Општина Велес.
Со овој завршен настан се заукружи едногодишниот проект. Во проектот беа реализирани инклузивен камп,грнчарски,литературни и стрип работилници во кој учествуваа млади со типичен и атипичен развој. Како дел од проектот беа посетени театарски претстави, кина,археолошкиот локалитет “Стоби”,изложби и спомен Костурницата. Со овој проект беа опфатени околу 500 деца, поддржувачи,финансиери,волонтери, дефектолоз и итн, кои овозможија успешна реализација на овој проект.
Во период од 07.08-14.08.2022година се реализираше летен инклузивен камп во Кампинг 2020 ДОО Охрид-Љубаништа. Кампот имаше инклузивен карактер,наменет за деца и млади од општина Велес.На летниот камп учествуваа 20 деца и млади со типичен и атипичен развој,со различен социјален статус.Активностите на кампот ги опфаќаа следниве сегменти: спортски активности,водени лудории,гледање едукативни филмови,забави.екскурзии-посета на локалните атракции,возење со бротче,дневна програма за вежбање и др, Со овој инклузивен летен камп се надеваме дека ги поттикнавме и ги охрабривме сите деца и млади правилно и рационално да го користат своето време со планирани инклузивни активности од забавен, едукативен и рекреативен карактер,како и да ги искористат природните убавини и сите ресурси кои им ги нуди општеството да ја развиваат социјалната инклузија и активно да придонесат за подобрување на сликата на општината како современа инклузивна заедница.
Под слоганот „Сакаме и можеме”,седум дена учесниците можеа да се дружат,меѓусебно да се запознаваат,да ги откриваат своите можности ,можеа да ги запознаат можностите и пречките со кои секојдневно се сретнуваат децата и младите со атипичен развој,имаа можност да творат да ги искажуваат своите вештини и способности, креативно да се изразат,како еден од начините за подобрување на менталното здравје и разивање на нови видици за гледање на светот и општеството..
Работилниците од литературниот клуб се реализираа еднаш седмично. Во него учесниците учеа и твореа на темите: „Сликаме со зборови“, „Поим за народни умотворби“, „Што е басна и поим за басна“ и „Поим за бајка и Креативно творење на тема „Новогодишна бајка“. Една од работилниците беше реализирана во просториите на локалната библиотека.
Во ноември се започнаа со реализирање 16 стрип работилници. Кои се реализираа еднаш неделно во просториите на Мобилност Велес.
Од месец јануари оваа година се реализираа 16 грнчарски работилници кој се одржуваа еднаш седмично во грнчарските работилници и во просториите на Мобилност во Велес. Деца и млади со типичен и атипичен развој,со различен социјален статус учеа и создаваа грнчарски производи.
За сите овие активности кои се спроведоа изминатава година се испечати и книга во која се собрани сите индивидуални литературни творби,стрип цртежи и изработките од глина кои децата ги твореа на работилниците.