Цветинова награда за мир за поетот Мирче Нешовски

По повод 13. Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје, миротворниот хуманист и сликар со светско реноме Живко Поповски Цветин, Цветинова награда за мир му врачи на еминентниот скопски поет Мирче Нешовски, денес напладне, во Паркот на уметноста во Капиштец, нивната населба.
Бројни познати поети, поетеси, уметници, се собраа лично да му ја честитаат наградата, да го слават неговото книжевно дело и да се потсетат секој, со својаприказна, за жртвите кои во минатото нивните семејства ги дале за Скопје, меѓу кои и познатото семејство на Нешовски.
Говореа и поетизираа поетот Горан Анчевски, реномираната професорка Ванѓа Радевска, поетесите со национален предзнак Лидија Лучко Јеремиќ и Лилјана Стоилковска, како и шаховската легенда Димитар Илиевски, првиот добитник на оваа престижна награда за мир која ја доделува Цветин, како неколкукратен кандидат за Нобелова награда за мир.


Нешовски е роден на 29 ноември 1951 година во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работи во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Член е на Друштво на писатели на Македонија од 1994 година.
Автор е на повеќе книги: Прозорец на сводот (поезија, 1975); Бескрајни знаци (поезија, 1990); Комитска заклетва (поезија 1991); Духовна галаксија (поезија, 1996); Ентелехија (поезија, 1999); Светилката на монахот (поезија, 1999); Врховниот шеф на ѓаволот,(роман); Небесната Пијета (роман) од други.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.