Живот во кафез- Вознемирувачки состојби во Зоолошките градини

Вознемирувачки информации за животот на животните во Зоолошката градина во Штип, деновиве се шират на социјалните мрежи. Пред некое време исто беше и за живот на животните во ЗОО Битола, а за Скопската зоолошка градина одвреме навреме поминуваат вести, иако во последно време и многу позитивни.

Љубителите на животинскиот свет се поделени во ставовите и мислењата околу тоа дали треба да посотојат Зоолошки градини? И, колку е убав или „пеколен“ животот во нив, на нивните станари животните.

Зоолошка градина Битола е основана на 1 мај 1950 г. со помош на зоолошките градини од Скопје, Загреб, Белград и Суботица. После апелот за нејзина реконструкција сепак останаа отворени многу прашања за живеалиштата, кои во многу не ги задоволуваат стандардите за чување на животни и хигиената т.е. нехигиената за која причинители се вработените во ЗОО одговорни за нејзино одржување и несовесните посетители кои зад себе оставаат многу ѓубре. Со еден збор за многумина условите во кои живеат животните се лоши.

‪Штипската таканаречена зоолошка, (отворена 2015) многумина ја споредуваат со логор на измачување и смрт на невините животни што ја имале таа несреќа да бидат донесени тука. На сајтот на Општината Штип нема никакви информации за Зоолошката (контакт телефони,одговорни лица и слично) а очигледно по сликите што кружат оттаму, мора нешто итно да се превземе.

Така што фотографијата од мечката затворена во кафез премногу тесен и валкан секако е вознемирувачки призор. Очигледно после еуфоријата на Штипјани дека ете и тие имаат Зоолошка градина, се спре и никој не се грижи. Дури и информација дека дивите свињи толку многу пораснале шо не можеле да ги чуват веќе и ги заклале. Вознемирувачки!

Има опции за добро згрижување а како една  е животните од тие ЗОО градини, каде што нема услови за нивен опстанок да се префрлат во Скопската ЗОО, која сепак има стандарди за чување на животните, а она што го посакуваат сите љубители на овој свет е да се пуштат во природна средина , таму каде што припаѓаат.

Обично за вакви состојби реагираат поединци и  обично Организацијата за заштита на животните „Анима мунди“, која неколку пати до сега има побарано итно затворање на битолската зоолошка градина. Треба ли поитни реакции и акција за состојбите во Штипската Зоолошка градина?

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.