Скопјани се запознаа со тајните на биорезонанса

30 октомври 2023

Неодамна во Скопје се одржа едукативен семинар за биорезонанса и биоинформатика како и биоинформатичка дијагностика.
Биорезонансата е малку позната но сепак моќна терапија која го допира енергетското поле на вашето тело. Експерт лекар по холистичка и енергетска медицина Васија Трпеновска и Проф.Др. Славчо Тошев говореа за тајните и користа која може да се добие од биорезонантна терапија и биоинформатичка дијагностика во Центарот за холистичка медицина Холиомедика во Скопје .
Инаку, Холиомедика е холистичка практика која специјализира во третмани на различни хронични заболувања, нутриционизам и исхрана, како и помалку сериозни проблеми како дигестивни проблеми, главоболку, мигрени, кандида, токсичност на тешки метали и персонална холистичка психотерапија.
Преку Холиомедика се обидуваме да ги разбереме причините за процесот на болеста со различни тестови и поврзувајки ги со историјата на пациентите. Најдобар начин да му помогнете на телото да заздрави е да ги идентификуваме предизвикувачките фактори, отколку што му помагаме на телото да заздрави преку огромен број на Пристапи од исхрана, Хербална медицина, Хомеопатија, Остеопатија, Протоколи за детоксикација. Ние користиме природен пристап кој не вклучува лекови или хирургија, велат лекарите од оваа област.

Почетна

Фото: Владимир Локвенец

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.