СКОПЈЕ: Се формира Mакедонското здружение за обновливи извори на енергија МАРЕС

Скопје, 25 октомври 2023 година

Денеска во Скопје беше формирано, Mакедонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС) со инаугуративна конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија”.
МАРЕС, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), стои како динамична сила, која обединува разновидна низа локални и меѓународни инвеститори длабоко посветени да ги поттикне иницијативите за обновлива енергија во Северна Македонија.
Мисијата на МАРЕС, Македонската Асоцијација за Обновливи Енергетски Извори, е да ги обедини и да овозможи соработка меѓу засегнатите страни во секторот за обновливи извори на енергија со цел да се поддржи праведна и одржлива транзиција кон чиста енергија, да се унапреди бизнис опкружувањето, како и да се овозможи соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор постигнувајќи еколошки чиста и одржлива енергетска средина во Северна Македонија.
Визија на МАРЕС е: да ја води Северна Македонија кон одржлива енергетска иднина. Преку МАРЕС, создава концепт во државава кој користи чиста, обновлива енергија и се посветува на заштита на животната средина. Истовремено, се работи за енергетска транзиција и економски просперитет, со посебен фокус на енергетска сигурност.
Инаугуративна конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија“ се одржа во хотелот “Хилтон дабл три”.
Во рамки на конференцијата се одржаа четири панели посветени на зелената транзиција, организирање на пазарот на електрична енергија и маркет каплинг, системите за складирање на енергија и за предизвиците за финансирање на проекти за обновливи извори на енергија.
– Идејата за асоцијацијата потекнува од една глобалната иницијатива почната одамна, -Транзиција на производителите на електрична енергија од фосилни, односно загадувачи, кон незагадувачи. Таа иницијатива води до обезбедување и финансирање на самата транзиција, односно финансирање на проекти коишто би биле поврзани со обновливи извори на енергија, истакна претседателот на здружението Слободан Поповски.
Според експертот за инвестициска клима и управување во Европската банка за обнова и развој, Ендрита Џаферај, една од стратешките цели на ЕБОР е транзицијата кон зелена енергија во целиот регион, особено за Северна Македонија, бидејќи тука има промена од јаглен кон обновливи извори на енергија, во која посебно е важна поддршката на приватниот сектор во процесот на оваа транзиција.
Во воведното обраќање гостите ги поздрави
господин Слободан Поповски претседател на МАРЕС, Крешник Бектеши, министер за економија на РСМ, Дирк Бушле, заменик директор на Секретаријатот на Енергетската заедница (виртуелно присуство),Фатих Туркменоглу, директор на ЕБОР во РСМ и модераторот Виолета Николова, генерален секретар на МАРЕС.
Главното обраќање го направи Штефен Худолин, раководител на одделот за операции во делегацијата на ЕУ во Република СМ.
Првиот панел беше на тема “Стратешки можности за зелена транзиција”. Говореа панелистите: Наоми Шевилард, раководител за регулаторни прашања Солар Пауер Јуроп (виртуелно присуство). Адам Цвеч, раководител на единицата за европски зелени договори при Секретаријат на енергетска заедница, Симон Марц КфВ развојна банка, Антонио Видиќ генерален менаџер за С. Македонија АКУО
Исмаил Љума, државен советник за енергетика , Министерство за економија, Марко Бислимовски, претседател на регулаторна комисија за енергетика, Данијела Исаиловиќ, директорка на ОИЕ Србија и модератор Крис Басински, ЕБОР.
Во вториот панел темата беше Енергетски пазар, Аукции за откуп, Организирање на пазарот на електрична енергија и маркет- каплинг, со панелистите: главно обраќање Симон Еде, заменик претседател на Чарлс Ривера Асошиејтс. Потоа Симон Шутиноски, управител на МЕМО, Милош Младеновиќ, извршен директор на СЕЕПЕКС, Александре Ма Фат, менаџер на портфолио, Акспо Солушн АГ, Евангелос Газис, раководител на југоисточна Европа , Аурора енерџи Рисрч, Виктор Андонов, директор за инвестиции и развој ЕСМ, и модераторот Марко Јанковиќ, раководител на одделот за пазар на електрична енергија во Европа, ЦВП.
“Електроенергетска мрежа како клучен фактор Интеграција на системот за складирање на енергија и предизвици во поврзувањето” беше третиот панел на кој свои излагања имаа: Елизабета Силјановска Атанасова, раководител за поврзување со преносна мрежа МЕПСО, Тодор Анѓушев, директор на ЕМС, Фероинвест
Андрија Орос, менаџер за складирање на енергија и поврзување со мрежата во Европа , ЦВП, Жељко Смитран, извршен директор на ИЕ Енерџи, Дејвид Монсо, шеф на ЦЕЕ, ВБ и ЦА, Волталиа, Милош Костиќ, директор Мт-Комекс
и модераторот Никола Битрак, КОЛЕНКО Гмбх.
На четвртиот панел “Предизвиците на финансирање на проекти за ОИЕ”, главното обраќање го направи Франческо Корбо, регионален раководител за енергија ЕБОР.
Панелисти кои говореа во панел дискусијата беа: Милица Средановиќ, виш инвестициски службеник ИФЦ, Фишер Маркус Хајнрих, Ерсте Банка, Благоја Устијаноски, директор на сектор за корпоративни клиенти, Шпаркасе банка, Добринка Стефанова Ѓоргиева, координатор во оддел за управување со животна средина, ПроКредит банка, Бјорн Габриел, ЕИБ, Стефан Костовски , ЕБОР, Чед Канфилд, регионален директор Фајнанс ин Моушн и модератор Олимпија Заевска , асистент професор на школата за бизнис во Копенхаген.
На дискусијата на тркалезната маса си отворени прашања за сите панел теми говореа основачите на МАРЕС, клучните енергетски експерти и засегнати страни. Фацилитатор: Виолета Николова, генерален секретар на МАРЕС.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.