Една од најталентираните македонски музички надежи Магдалена Алексовска, студентка на Вагнер колеџот во Њујорк, победи на натпреварот Wagner College Vocal Performance Faculty – Vocal Contest – Italian idol 2023.
Големо за победата и огромно признание и успех за младата талентка, која изминатава деценија реди само успеси.
Особено во Америка, зошто во Македонија неретко неправедно ѝ беа одземани можностите и заслугите.
Сепак. Таа и во минатото има богата биографија, со која може да се гордее. Накусо да споменеме.
Познатата Маги, последно кај нас ја објави песната “Друг да ме нема” на музика на Кирил Бабамов, текст Весна Малинова, аранжман: Кирил Бабамов, продуценти Кирил Бабамов, Дејан Момироски и Весна Малинова.
Таа е пејачка, кантавторка, флејтистка. Сега студира музика како стипендистка на престижниот Вагнер колеџ во Њујорк.
На пошироката јавност ѝ стана позната по улогата на госпоѓица Хениген во мјузикл „Ени“. Пред тоа и се претстави и на европската јавност, кога испеан во дует, а со своја авторска песна “Плетенка” ја претставуваше Македонија на “Детската Евровизија 2015” во Софија. Нешто потоа на “Американ Протеже” во Њујорк ја доби шансата да ја запее на најголемата сцена во Карнеги хол, во Исак Стерн Аудиториум.Исто така, своевремено има остварено забележани настапи на “Златно славејче”, на интернационалниот детски фестивал „Славјански Базар“ 2013 во Белорусија, а учествувала и добивала награди на натпреварот „Езерски Бисери“ во Струга, и тоа неколку пати. Но и на „Ѕвездички“ во Прилеп каде што во 2016 година освои Гран при и учество на интернационалниот фестивал “Riga symphony” во Рига, Летонија каде освои Прво и Трето место. А во Варна, Бугарија на натпреварот „Art Stars“ освои прво место.
Снимка од најновата победа на ФБ објави нејзината мајка.