23 октомври 2023
Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, продолжува со обуките предвидени во рамки на Проектот „ИДЕАС“. На тема: „Паметно земјоделство“, во Дојран, неодамна, беше одржана обука на која имаа можност да учествуваат млади лица од Гевгелиско- Валандовскиот Регион.
Обуката имаше за цел како да се применува паметното земјоделство за да се олесни животот на земјоделскиот производител, да се зголеми продуктивноста на една производствена површина и да се заштедат ресурси, како на пример вода, ѓубрива или пестициди, бидејќи се базира на планирање, анализи и активности базирани врз анализите.
Инаку, Проектот „ИДЕАС“ се имплементира преку ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција- Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014-2020“, финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички.