Свечено отворен Форумот за Родово Одговорно Буџетирање

Во Порта Македонија вечерва, 18 октомври, свечено беше отворен Форум за Родово Одговорно Буџетирање, кој следниве два дена ќе се одржи во Јавна соба во Скопје. Во својот поздравен говор ги Марија Ристеска, регионален директор на Мрежата за Родово Одговорно Буџетирање, ги поздрави пристигнатите гости и експерти од повеќе земји од регионов и од Европа.

Форумот е насловен како “Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан & Молдавија” и на него ќе учествуваат експерти од цела Европа, меѓународни организации, активисти од ГОи, владини претставници и други засегнати страни.

Има за цел да го унапреди доброто владеење преку зајакнување на граѓанските организации ефикасно да ги користат алатките за родово одговорно буџетирање.

Форумот за Родово Одговорно Буџетирање е заедничка иницијатива во рамки на проектите проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија и Мрежата за родово одговорно буџетирање поддржана од Австриската развојна агенција (ADA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), со дополнителна поддршка од Централно европската иницијатива – CEI.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.