Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда ,,23 Октомври“ за 2023 година
за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. За остварување во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на:
– тимот за трансплантација на црн дроб: проф. д-р Зоран Караџов,
проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р
Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска;
– проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.
2. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник;
– Блаже Миневски, писател.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот за државната награда „23 Октомври“ е м-р Мими Ѓоргоска Илиевска