Археолошкиот музеј на Република Македонија вчера излезе со информација до јавноста во која ја информира дека, Музејот ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.
Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелирaaт дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници, наведуваат во соопштението од Археолошкиот музеј. Дополнуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост.
Прв чекор од овој вид, но многу значаен кој би требало да го следат и другите институции за да може овие лица непречено да се движат низ сите институции низ градот па и државата.