На ден 13.10.2023 год во ООУ „Александар Македонски” се реализираше ЕКО акција за уредување на ЕКО катче.
Акцијата е донација од Еко Логистик Сервис која како еколошко одговорна компанија доставува пратки со хибридни возила со што влијае врз квалитетот на воздухот. Во акцијата учествуваа претставници на компанијата, а ја реализираа учениците од ЕКО секцијата предводени од наставникот Софија Спасевска, во организација на одделенски наставник Александра Петровска.
Целта на акцијата е да се подигне свеста за климатските промени, да се актуелизира одржливиот транспорт, но и да се поттикнат учениците континуирано да се грижат за животната средина. Засадените растенија истовремено се и автохтони кои преку своите листови го прочистуваат воздухот. Благодарност до директорот на Еко Логистик Сервис, Игор Гешовски, како и менаџерскиот тим на компанијата, Ѓорѓи Ќупев, Горан Копчаревски, Марина Крстовска ,Петар Матев и Јорданчо Кукуновски.