На 14 октомври, в сабота, од 12 часот во Новаци ќе се одржи дваесет и третото издание на Пелагониските културно-научни средби.
За време на настанот ќе биде промовирано осумнаесеттото издание на зборникот на средбите, годинава целосно финансиран од буџетот на Општина Новаци, а кусо ќе бидат претставени и трудовите кои се пријавени за дваесет и третотот издание на Пелагониските културно-научни средби.
Повелбата за животно дело годинава му се доделува на проф. д-р Осман Кадриу, наградата „Златен клас за македонскиот вознес“ ќе и биде доделена на поетесата Снеажана Алексиќ Станојловиќ од Србија, а нововостановената награда „Панде Манојлов“ ќе му биде доделена на поетот Филип Димкоски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.